Холандскиот стратег Ерик тен Хаг и оваа сезона останува топ тема во англиската фудбалска јавност и тоа поради лошите резултати на неговиот Манчестер Јунајтед кој претрпе срам во последниот натпревар губејќи со 1-3 од Тотенхем на „Олд Трафорд“ во натпревар во кој многумина го оценија како еден од најлошите под негово водство.
И најверните навивачи на Манчестер Јунајтед го загубија трпението со Холанѓанецот и побараа негов отказ, но до истиот тешко дека ќе дојде. Причината за тоа е милионска, откриваат англиските медиуми.
Според информациите на „Островот“ доколку Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Тен Хаг клубот ќе мора да го наплати ова задоволство со 21 милион евра, сума која за раководството на клубот е преголема за промена на тренерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА