Откриено е зошто Саудијците ја исвиркаа минутата молк во чест на Бекенбауер

Почетокот на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија донесе скандал на невидени размени откако фановите во Саудиска Арабија се одлучија на најнепопуларниот потег – да ја исвиркаат минутата молк за неодамна починатата германска фудбалска легенда Франц Бекенбауер.

Шокантните сцени го обиколија светот, а шпанските новинари се обидоа да ја најдат причината за скандалозниот чин. Според неименувани новинари од Саудиска Арабија исвиркувањето не било поради ликот и делото на Бекенбауер, туку станува збор за културолошко прашање.

„Тоа нема никаква врска со Бекенбауер, туку е културно прашање. Тоа е прашање на обичај или традиција во Саудиска Арабија. Сите се незадоволни што овде имаме едноминутно молчење“, откриле новинарите.

Се вчитува...