Бен Вајт го нема во Англија, официјално поради неподготвеност. Меѓутоа англиските медиуми откриваат дека тензијата на фудбалерот со репрезентацијата трае од Мундијалот во Катар, поради караница со еден од помошниците на Саутгејт, Стив Холанд.
Фудбалерот го напушти таборот на „трите лава“ уште на СП во 2022 година, а потоа официјалното објаснување беше дека се вратил во Англија од „лични причини“.
Според „Дејли Телеграф“. станува збор за забелешка од Холанд дека Вајт немал интерес за фудбал. И самиот Вајт во интервју во 2021 година кажа дека не е љубител на фудбалот, па дури и ретко ги гледа натпреварите на другите тимови.
„Не гледав фудбал кога бев мал. Не гледам ни сега. Само сакав да играм, но никогаш не гледам фудбал, и така не знам многу за постарите генерации. Моите мечеви ги гледам поради анализа. Можеби понекогаш ја гледам Англија“, рече Вајт тогаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА