Откриено колку ќе заработува Нејмар во Сантос

Нејмар и официјално се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата професионална кариера, а сега се знае и колку ќе заработи.

По взаемниот раскин на договорот со саудиски Ал Хилал, каде заработуваше астрономски 155 милиони евра годишно, триесет и двегодишниот фудбалер потпиша шестмесечен договор со Сантос.

Според информациите кои ги пренесува „Де Примеира“, Нејмар во Сантос ќе добива основна плата од 161.500 евра месечно.

Она што го прави посебен овој договор е тоа што поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен ќе задржи 90% од правата за имиџ, што ќе му овозможи да заработува значително повеќе од основната плата.

Овој модел на договор потсетува на неговиот претходен престој во Сантос од 2010 до 2013 година, кога заработуваше основна плата од 48.400 евра месечно, но благодарение на маркетиншките права, неговата вкупна заработка изнесуваше околу 533.000 евра месечно.

Се вчитува...