Ентони Џошуа го победи Френсис Нгану со нокаут во втората рунда во боксерскиот спектакл во Саудиска Арабија. Со оглед на местото каде се одигра натпреварот, јасно е дека и двајцата борци ќе заработат феноменални пари од борбата.
„Форбс“ објави дека Нгану ќе добие 20 милиони долари, што е двојно повеќе од хонорарот што му беше платен за борбата со Тајсон Фјури минатиот октомври. Џошуа ќе добие околу 50 милиони долари, открива споменатиот извор и додава дека тоа не е се затоа што добива и бонуси за победата и онаа од телевизискиот пренос на мечот.
За Нгану беше планиран бонус доколку го издолжи мечот на максимум 10 рунди, но бидејќи експресно го елиминираше противникот, ќе остане без него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА