Откриено низ каков „пекол“ изминативе месеци поминува Мбапе

Килијан Мбапе не ги оправдува очеквањето со кои беше доведен во Реал Мадрид на почетокот од сезоната во дресот на „кралскиот клуб“. Но, дури сега се откриваат причините за актуелната состојба на Мбапе.

Извор близок до Мбапе тврди дека напаѓачот веќе со месеци се бори со психички проблеми и дека тоа трае од доаѓањето во Реал Мадрид, пренесува француски „Л’Екип“.

Не се очекува дека Мбапе брзо ќе ги реши менталните проблеми кои сега ги има, поради што му е неопходно време и трпение за да се врати во своите најдобри денови.

Тој е изоставен и од репрезентацијата на Франција за натпреварите од Лигата на нациите. Има постигнато само еден гол на последните седум меча за Реал Мадрид, а дури четири гола сезонава му се само од белата точка.

Во октомври се соочи и со сериозни обвинувања за силување за време на забава во Стокхолм, што исто така му создаде дополнителни проблеми.

Се вчитува...