Роџер Федерер ја заврши професионалната кариера, која траеше повеќе од 20 години. Со него цело време беше и неговата сопруга Мирка со која е во брак од 2009 година, а заедно се од 2000 година.
Мирослава Мирка Федерер исто така беше тенисерка – всушност таа беше во топ 100 се до нејзиното пензионирање во 2002 година поради повреда на стапалото. Оттогаш, Мирка е менаџер за односи со јавноста на Федерер.
Зборувајќи за „Сандеј тајмс“, Роџер рече дека тој и Мирка веројатно би се развеле доколку таа не се повлече од тенисот кога, бидејќи поради обврските многу ретко би биле заедно.
Роџер толку многу сака да биде заедно со Мирка, што во една ситуација и самиот призна дека не може да спие доколку Мирослава не е со него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

