Откриено што им рекол селекторот Сигурдсон на Хрватите на полувреме

Хрватска по огромна битка триумфираше над Унгарија со 27-25, триумф со која „коцкестите“ стигнаа до првото место во својата група и пласман во ново полуфинале од едно големо натпреварување. Триумфот е уште поголем ако се знае дека Унгарците во долг период водеа, во првото полувреме во некоолку ситуации и со четири гола разлика, но „коцкестите“ собраа сили за целосен пресврт.

По натпреварот, Марко Мамиќ особено ја нагласи улогата на тренерот, Сигурдсон.

„Прекрасно е, сè беше во наши раце, но беше многу тешко. Буквално ја грабнавме победата, а не знаеме ни како. Празни сме, но турнирот продолжува. Нема да бидеме задоволни со полуфиналето. Минатата година игравме финале и ќе се обидеме повторно да го направиме тоа. Морам особено да го пофалам тренерот. Во соблекувалната ни рече да ја играме нашата игра, нè потсети дека минатиот пат ги скршивме во последните пет минути и дека само треба да се држиме до крајот. Пораката беше јасна – без оглед на исходот, да одиме со крената глава“, изјави Мамиќ. 

Се вчитува...