Аргентинската новинарка и блиска пријателка на Лионел Меси, Јанина Латоре ги откри плановите за иднината на најдобриот фудбалер на сите времиња.
Како опција се споменува враќање во родната Аргентина по оваа сезона, но Латоре негира дека тоа ќе се случи.
„Меси ми кажа дека кога ќе ја заврши кариерата во Интер Мајами, па ќе се врати да живее во Барселона. Го прашав: „Нема да останеш во Мајами?“ Тој рече: „Не, не, мојот живот е таму““, изјави Латоре.
Меси се приклучи на Барселона во 2000 година и почна да ја гради една од најголемите фудбалски кариери на сите времиња, постигнувајќи 672 гола во сите натпреварувања за каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

