Тројца фудбалери на Баерн Минхен работат за смена на тренерот Нико Ковач, открива германскиот магазин „Кикер“.
Баерн сезонава не игра на своето препознатливо ниво, атмосферата во клубот не е најдобра, но раководството застана цврсто зад Ковач.
Но, „Кикер“ ги обелодени имињата на тројцата фудбалери кои ја „минираат“ работата на хрватскиот стратег. Според германскиот магазин тоа се Хамес Родригез, Матс Хумелс и Сандро Вагнер.
Овие тројца фудбалери настојуваат да го свртат тимот против Ковач, а тоа посебно се однесува на Хумелс на кого Ковач му посочи дека е преспор.
Вагнер нема голема минутажа кај Хрватот и лут е поради тоа, а Хамес Родригез е незадоволен бидејќи ја нема улогата на главна ѕвезда во тимот, а за тоа го обвинува тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА