Откриено зошто голот на Ливерпул не беше признат: Судиите ја објаснија грешката

Дербито на 7. коло во Премиерлигата помеѓу Тотенхем и Ливерпул го одбележа судиска неправда откако во 34. минута беше неправедно поништен голот на Луиз Диаз поради офсајд и покрај прегледот на ВАР.

Судиската комисија по натпреварот ја призна грешката на судиите и даде објаснување како дошло до истата. Според комисијата ВАР судијата Дарен Ингланд мислел дека голот претходно бил признат. По кратката проверка тој се огласил до главниот судија со зборовите „проверката е готова“ нагласувајќи дека нема ништо спорно.

 

Се вчитува...