Откриено зошто се тепале Левандовски и Коман на тренингот на Баерн

И покрај тоа што поголемиот дел навивачи на Баерн веруваа дека веста за физичката пресметка меѓу Левандовски и Коман е лажна вест, сепак следеше разочарување за нив откако и тренерот на Баварците, Нико Ковач ја потврди тепачката.

Од клубот информираа и дека Левандовски ги загубил нервите затоа што Коман воопшто не се труди на тренинзите, што се рефлектира и на натпреварите, па се одлучил да му одржи лекција. Но, и Коман не сакал премногу да го слуша полскиот напаѓач, постојано вербално враќајќи на неговите прозивки. Поради тоа Левандовски се впушти во физичка пресметка која ја прекинале соиграчите. Германски „Билд“ носи детални информации за целиот инцидент.

„Левандовски веќе подолго време е лут на Коман поради неговиот начин на игра на натпреварите, но и работата на тренинзите. Причината е што премногу е себичен, има многу малку додавања за соиграчите и речиси никогаш не уфрла топки за Левандовски и напаѓачите. Тоа најочигледно беше во поразот од Леверкузен каде Полјакот лутината ја покажа и на терен“ – пишува „Билд“.

Околу целата ситуација се огласи и тренерот Нико Ковач.

„Ние тројца по тренингот ја расправавме целата ситуација. Двајцата се извинија ветувајќи дека тоа нема повторно да се случи. Нема да ги казнувам, момците се разумни, тоа е зад нас и може само да ви кажам: Преживеавме“ – вели Ковач.

Се вчитува...