Отпадна еден ракометар од „златниот“ состав на Германија

Проблемите со повредите во подготовките пред  Европското првенство во Хрватска, не ја одминаа ни репрезентацијата на Германија. Од составот на актуелниот европски шампион вио последната фаз аод подготовките што ги реализираат во Штутгарт, отпадна средниот бек Никлас Пјачковски. Ракометарот на Либек кој беше дел од златниот состав на Германија што ја освои европската титула на претходното ЕП 2016 во Полска, ги пропушта завршните тренинзи во Штутгарт поради повреда на рамото, објави Германската ракометна федерација.

На местото на Пјачковски во германскиот составот од 20 ракометари кои селекторот Кристијан Прокоп ја одработуваат завршната фаза од подготовките пред ЕП, влегува ракометарот на Лајпциг, Максимилијан Јанке.

На подготовките во Штутгарт на германската репрезентација и се приклучи и одбранбениот играч Фин Лемке кој пропупти дел од подготовките поради бронхитис.

Во последната фаза од подготовките пред ЕП, репрезентацијата на Германија ќе одигра два контролни натпревари против Исланд, на 5 и на 7 јануари по кои Прокоп ќе го одреди составот од 16 ракометари што ќе настапат на ЕП.

Германија е еден од противниците на Македонија во групата Ц во Загреб, во која се уште и селекциите на Словенија и на Црна Гора. Македонија ќе игра против Германија на 17 јануари во последниот натпревар од групната фаза  на ЕП.

Се вчитува...