Отпаднаа тројца: Берокал го избра тимот за Луксембург

Новиот македонски селектор Жозеп Марија Берокал, го објави списокот од дванаесет кошаркари кои ќе настапуваат за нашиот национален тим, на дебито на шпанскиот стратег како предводник на македонската кошаракрска репрезентација.

Шпанецот по денешниот тренинг го објави и финалниот список за дуелот со Луксембург, кој е закажан за петок со почеток во 18 часот во салата „Градски Парк“ во Скопје.

На него, покрај капитенот Војдан Стојановски се наоѓаат уште и: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.

Во однос на кошаркарите кои тренираа со националниот тим во изминатите денови, селекторот реши од списокот за настап против Луксембург да ги избрише Андреј Митревски, Андреј Маслинко и Амар Хот, додека од претходно поради повреда од комбинација отпадна Лејсон Зеќири.

Се вчитува...