Лацио официјално започна преговри за ангажман на отпишаната млада ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, пренесуваат англиските медиуми.
Италијанскиот клуб изрази желба за негов ангажман уште претходната сезона, но и покрај понудата за позајмица во Рим, на крајот Англичанецот се одлучи да премине во Гетафе каде ја врати претпознатливата форма. Англичанецот блескаше во Шпанија па сега се очекува и перманентен трансфер вреден 35 милиони евра кој може дополнително да се зголеми со посебни клаузули поврзани со неговиот перформанс.
За Гринвуд сериозен интерес не покажува само Лацио. Тој е мета и на Јувентус и Наполи, но и бројни клубови од Шпанија, Португалија и Германија па не се исклучува можноста и тимот од главниот град на Италија да „извиси“ за подобра понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА