„Отпишаната“ ѕвезда на Реал со поддршка за Алонсо: Лошо е, но не е така како што изгледа

Реал Мадрид претрпе нов пораз, овој пат од Манчестер Сити со 1-2 во натпреварот од Лигата на шампионите по што медиумите во Шпанија одново шпекулираат со отказ на тренерот Чаби Алонсо.

Сепак младиот шпански стратег ја има поддршката од соблекувалната. Најголемиот дел од фудбалерите застанаа во одбрана на својот тренер по натпреварот на „Бернабеу“, а еден од нив беше и „отпишаниот“ Родриго кој и самиот често се наоѓа во „трансфер шпекулациите“.

„Ситуацијата не е добра, но во неа сме сите заедно со тренерот. Многу се говори за односот помеѓу тренерот и играчите, но ние покажувале заедништво“, изјави Родриго, стрелецот на единствениот гол за „кралевите“ на натпреварот.

Се вчитува...