„Отпишаниот“ Алиоски беше стартер за Ал-Ахли

Медиумите во Саудиска Арабија во изминатите денови пишуваа дека Езџјан Алиоски и Ал-Ахли се разделиле и дека Македонецот ќе го напушти клубот, сепак, тој вечерва беше стартер за Ал-Ахли во деуелот со Ал-Тае, во победата од 2-0, а играта ја напушти во деветата минута од судиското надополнување.  Марез и Кеси ги постигнаа головите.

Со тоа Алиоски ги продолжува одличните игри во дресот на Ал-Ахли, но и натаму е на излезна врата од тимот. Се шпекулираше дека кареирата ќе ја продолжи во друг клуб во оваа земја. Алиоски наводно ќе замине од клубот поради големиот дел на странци.

Во вториот меч во Саудиска Арабија, Ал Наср го совлада Ал Шабаб во 4-0, а Кристијано Роналдо забележа два гола и една асистенција.

Се вчитува...