„Отпишаниот“ Англичанец од Тотенхем заврши во затвор

Тотенхем успеа да слави на гостувањето против Стоук со 1-3 пласирајќи се во полуфиналето од Купот на Англија. Но, еден од „отпишаните“ Англичани на Мурињо, Дени Роуз имал и „трето полувреме“.

Поранешниот лев бек на репрезентацијата на Англија е уапсен во Лондон во четири часот по полноќ поради опасно управување со автомобил кој завршил со удар. Роуз не е повреден, но штета е нанесена на неговиот автомобил.

Триесетгодишниот Роуз ни оваа сезона не е во плановите на Мурињо, воопшто не тренира со сениорите и е префрлен во младионскиот тим на клубот. Претходната полусезона ја мина на позајмица во Њукасл, додека во летото не се појавија заинтересирани клубови за негов трансфер.

Се вчитува...