Црногорскиот ракометар Вуко Борозан по раскинувањето на договорот со македонскиот шампион Вардар, потпишува договор со шпанскиот гигант Барселона. „Црвено-црните“ го раскинаа договорот со бомбардерот од Црна Гора поради непослушност од негова страна.
Првичниот договор со Барселона беше од 2021 година, но поради прераното раскинување со европскиот шампион од 2017 година, „каталонскиот гигант“ одлучи порано да го реализира трансферот.
Борозан не се појави на авионот кој патуваше за Белорусија, на фајнал-фор турнирот во СЕХА лигата, а не беше дел и од тренинзите на Вардар за време на ЕХФ седмицата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА