Отпишаниот кошаркар на Партизан најде нов клуб

Само неколку дена откако доби отказ во Партизан, американскиот кошаркар Ајзеа Мајк најде нов ангажман. Тој и во новата сезона ќе биде дел од Евролигата потпишувајќи договор со Баерн Минхен.

На Мајк му беше потребно долго време да се адаптира во „црно-белиот“ состав, а и покрај тоа што прикажа добра игра во финишот на сезоната одлуката на раководството на Партизан беше да се раздели со Американецот кој ќе има шанса да докаже дека припаѓа во евролигашкиот крем во баварскиот дрес.

Се вчитува...