Мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш, пред две години стигна во Челси, но во лондонскиот клуб не стекна слава каква што се очекуваше од него. Дури беше и на излезна врата во зимскиот преоден рок, но откако не успеа да најде ангажман, остана во редовите на лондонскиот клуб.
Сега за него најзаинтересиран е тимот на Милан, кој сака да набави добар играч на позајмица за следната сезона, а изборот паднал токму на Мароканецот. Со оглед дека не добива минутажа, Челси не би имал ништо против да испрати уште еден свој играч кон Милано, после Ромело Лукаку кој договори позајмица во Интер.
Зијеш би ја потполнил десната крилна позиција во Милан, и заедно со Ориги и со Леао во нападот, ќе одат на одбрана на Скудетото идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА