„Отпишаниот“ од Сити и од Баерн се сели во Арсенал

Манчестер Сити летово ќе го продава Жоао Кансело. Откако од таборот на Баерн Минхен истакнаа дека нема да го откупат неговиот договор за 70 милиони евра, јасно е дека за Португалецот нема иднина на „Етихад“ и тој ќе мора да си бара нова средина.

Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо пишува дека Арсенал е заинтересиран за бекот, и дека летово ќе тргне по неговиот потпис. Се споменува сума од околу 50 милиони евра.

Исто така и Барселона е заинтересирана, но „Каталонците“ ќе мора прво да го решат прашањето околу финансискиот фер-плеј, па потоа да се обидат да го ангажираат.

Кансело е уникат во европските лиги сезонава, затоа што освои медал и од титулата на Сити во Премиерлигата, и од шампионскиот трофеј на Баерн Минхен во Бундеслигата.

Се вчитува...