Отпишаниот „старец“ со лекција за сите: „Јокиќ? Сега ќе зборуваме само за овие момци кои се овде!“

Очигледно уште една лекција на легендарниот Светислав Пешиќ за целокупниот кошаркарски свет, пред се за „хејтерите“ од Србија кои пред Светското првенство 2023 беа гласни дека „загубениот старец“ не смее да биде на чело на кошаркарската селекција.

Но, „старецот“ одржа уште еден свој час и во полуфиналето на Мундобаскетот во убедливата победа над Канада. Србија одигра феноменална одбра со активен напад за нова доминација и против НБА-тимот на Канада.

На прес-конференцијата по мечот, очекувано Пешиќ доби и прашање за ставот на најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ овој пат да го прескокне настапот за репрезентацијата на Србија.

„Никола Јокиќ секогаш е и ќе биде дел од овој тим, затоа што тој е најдобриот наш играч и најдобриот светски кошаркар. Но, сега не е момент да зборуваме за Јокиќ. Сега е само време да зборуваме за овие момци кои се овде, и кои се наши херои. Тие го заслужуваат целото внимание за целокупната жртва која ја даваат за Србија, за себе, за своите најблиски и за државното знаме. Можеби како индивидуалци не се најдобрите кои Србија ги има, можеби има и подобри кои не се тука, но ова е најдобриот тим кој постои и тоа е важно. Нив многу ги погодуваа сите новинарски критики пред шампионатот, но цврсто чекореа и чекорат по својот пат. А јавноста само треба повеќе да верува во нив. Постојаните плукања никогаш не помагаат на една национална селекција“ – истакна Пешиќ.

Се вчитува...