„Отпишаните“ на Јунајтед ги сака Јувентус, но само под еден услов

Во Манчестер Јунајтед повеќе нема место за англиските репрезентативци Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо па двата фудбалери кои минатата сезона ја поминаа на позајмица, ова лето и дефинитивно ќе заминат од клубот.

За нивен ангажман постои голем интерес од Јувентус. Според италијанските медиуми веќе се водат активни преговори за трансфер на Санчо, а клубот се распрашал и за Рашфорд, но до трансфер ќе дојде само доколку е исполнет еден услог – намалување на платата.

Санчо кој не е добредојден на тренинзите на првиот тим на Манчестер Јунајтед е подготвен да прифати и помала плата за промена на средината, но тоа не е случајот со Рашфорд кој се уште преферира преселба во Барселона.

Се вчитува...