Отпуштен режисерот на отворањето на ЛОИ – Причина шега од пред 23 години

Организацискиот комитет на Летните олимписки игри во Токио го отпушти режисерот на церемонијата на отворање, Кентара Кобајаши, потврдија јапонските медиуми. Причина за отказот е тоа дека режисерот во 1998 година кога се уште работел како комичар имал непримерни шеги.

Тој во текот на еден од своите настапи рекол „Ајде да си играме холокауст“.

„Свесни сме дека наскоро не очекува отворањето на Летните олимписки игри и дека многу поради тоа се загрижени. Меѓутоа, ние дознавме дека господинот Кобајаши во текот на својот настап се исмевал на историска трагедија. Ние најдлабоко се извинуваме поради тој инцидент“, изјави претседателката на организацискиот комитет Сеико Хашимото. 

 

Се вчитува...