Мирко Оцокољиќ, главниот тренер на Партизан на натпреварот против Баерн Минхен, беше задоволен по победата на црно-белите во 14. коло од Евролигата со 92-85.
Партизан одигра натпревар против Баерн во невидена атмосфера. Играчите беа исфиркувани, но и тренерот Мирко Оцокољиќ беше пречекан со свирежи.
Тој им се обрати на новинарите на прес-конференцијата откако црно-белите го забележаа својот петти триумф оваа сезона.
„Мило ми е, заради играчите и тимот, што победивме. Не беше лесно да се подготвиме. Последните три-четири дена се обидовме да се фокусираме на кошарката и на она што Баерн го прави во нападот и одбраната. Оваа атмосфера… Им кажав на играчите дека мора да бидеме константни во 40 минути во одбраната и нападот. Баерн игра најдобра одбрана во лигата. Мислам дека на крајот направивме добра работа, им честитам на играчите, направија добра работа“, започна Оцокољиќ.
Покушевски се повреди, но деталната лекарска контрола е денеска и засега нема дополнителни информации.
„Прашав, рекоа дека си заминал. Не добив никакви информации“.
Беше прашан колку е тешко да се управува со ваков вид игра, во ваков вид атмосфера.
„Додека бев во Монако, еден период бев и во АСВЕЛ и работев со Звездан Митровиќ и Саша Обрадовиќ и имав околу 20 натпревари што ги менаџирав. Имам одредено искуство, но не беше ни блиску до ова. Ваква сала, притисок, не ни беше лесно. Јас сум тренер и се занимавам со тренинзи и натпревари. Знам што сме подготвиле, единственото нешто за кое се грижев беше дали сè сме поставиле правилно. Јас лично се обидов да го игнорирам тоа, и им кажав на играчите дека мислам дека така играчите мора да ја добијат довербата на јавноста, за да може нивната енергија да ги промени работите и на трибините“.
Што им рече на играчите на полувреме?
„Првото нешто – за што се работи, имаме уште 20 минути. Удривме неколку шутеви, целиот тим учествуваше. Околу десетина играчи играа вечерва и имаа поделени минути.“
Дали има проблеми на ниво – стручен штаб и играчи?
„Што се однесува до нашата ситуација – немаше проблеми. Самите видовте дека сè функционираше како што треба.“
Повторно имаше голем пад во играта – Партизан водеше со 14 поени разлика во третата четвртина, а Баерн намали на само два во последните минути.
„Можеби е повеќе моја вина, можеби требаше да направам промени порано и да побарам тајм-аут“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

