Оцокољиќ, сепак, останува на клупата на Партизан

Мирко Оцокољиќ останува тренер на Партизан до понатамошно известување или одлука на клубот, потврди спортскиот директор на црно-белите, Жарко Паспаљ.

Оцокољиќ, кој го презеде тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, ќе ги предводи црно-белите во остатокот од сезоната.

„Неговите афинитети не се да биде прв тренер, победивме на четири натпревари, прашањето е што ќе се случеше ако тргнеше поинаку. Огромна благодарност до Мирко што го прифати тимот кога немаше други решенија. Тој ќе ги води натпреварите до понатамошно известување, ќе видиме кој ќе ја преземе улогата. Мора да ја промениме сликата од сезоната, ќе видиме. Ќе биде интересно, тој ќе го предводи тимот во среда, колку што знам“, рече Паспаљ.

Оцокољиќ ги врати црно-белите на победнички патеки, заедно забележаа четири победи, по две во АБА и Евролигата. Баерн, Клуж, Црвена звезда и ФМП паднаа едноподруго.

Иако со денови се споменуваше дека Жоан Пењароја ќе дојде на клупата на Партизан, на крајот се покажа дека засега нема ништо од таа работа, а претходно самиот клуб негираше дека нешто е договорено со шпанскиот стручњак.

Партизан сега го очекува двојно коло од Евролигата против Виртус во Белград и гостување кај Жалгирис во Каунас, а натпреварот во среда дефинитивно ќе го води Мирко Оцокољиќ.

Се вчитува...