Фудбалерите на Лајпциг сепак ќе можат да се натпреваруваат во Лигата на шампионите во новата сезона, одлучија надлежните тела во Европската фудбалска унија (УЕФА). Со оваа одлука УЕФА прави отстапка од правилата бидејќи во Лигата на шампионите ќе се натпреварува и Салцбург, а и двата клуба имаат ист сопственик. Компанијата за производство на енергетски пијалоци „Ред Бул“ е доминантен сопственик и во австрискиот шампион и во германскиот вицешампион и во согласност со правилата, се очекуваше само еден од двата тима да игра во ЛШ.
Салцбург како шампион на Австрија зазема повисока позиција од Лајпциг кој е вицешампион на Германија.
Но, од УЕФА објавија соопштение во кое потврдуваат дека по сеопфатната и опсежна истрага спроведена од страна на финансиските тела, утврдиле дека не се прекршувааат правилата и дека нема судир на интереси.
„Промените во управувачката структура на клубот (се однесува на финансирањето, кадрите и спонзорските договори) доведоа до заклучок дека едно лице нема одлучувачко влијание во функционирањет на повеќе од еден тим кој учествува во натпреварувањата на УЕФА“ – стои во соопштението од УЕФА.
На оваа одлука, постои можност за жалба од Судот за спортска арбитража во Лозана.
Од УЕФА наведуваат и дека ќе продолжат со детален мониторинг на работењето на двата клуба за да се сочува интегритетот на најсилното европско натпреварување.
Лајпциг со освојувањето на второто место во германската Бундеслига автоматски избори пласман во групната фаза од ЛШ, додека Салцбург ќе стартува од третото квалификациско коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА