Пред точно 25 години, на 30.април 1993 година, на турнирот во Хамбург се случи физички напад над Моника Селеш, тогашната најдобра светска тенисерка. Оттогаш, спортот веќе не е ист. Гинтер Парх, навивачот кој беше опседнат со Штефи Граф, ја нападна и со нож ја повреди Моника Селеш, во текот на мечот против Магдалена Малеева.
Парх подоцна беше осуден на условна казна од две години, поради напад со нож.
Моника Селеш имаше 19 години и се здоби со убодна рана на грбот длабока околу два сантиметри, а долго по нападот не можеше да се врати на тениските терени. Пет години повозрасната Штефи Граф во овој период, се врати на тенискиот врв.
„Не се сеќавам што се случи. Одеднаш, не можев да дишам и почувствував страшна болка во грбот“, изјави тогаш Моника Селеш.
Нападот над Моника Селеш засекогаш го промени пристапот кон обезбедувањето на славните спортисти на големите настани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА