Отворањето на СП беше спектакуларно, но тажна слика ја покажа реалноста на фудбалот во Катар

Денеска се отвори Светското првенство во Катар. Гледавме спектакуларна церемонија на отворање на уште еден Мундијал кој се одржува во необичен термин, поради пеколните температури во Катар во текот на летото. Првиот меч ни покажа дека не чека еден 20-дневен спектакл.

Во првиот натпревар на стадионот Ал-Бајт, репрезентацијата на Еквадор со 2-0 ја доби пресметката со домаќинот Катар. Со тоа Катар стана првата селекција во историјата која загубила на отворањето на Светското првенство.

Навивачите на Катар очекуваа повеќе од својата селекција, која целосно потфрли, а тоа го искористи Валенсија и со два гола ја донесе победата на својата селекција.

Пред почетокот и во текот на првиот дел, на трибините имаше 67.000 гледачи, и навистина глетката беше прекрасна. Но, некаде кон средината на вториот дел разочараните навивачи почнаа да ги напуштаат трибините, па така на крајот и тажни слики со празни столчиња. Останаа само фановите на Еквадор да ја прослават оваа победа, и одличниот почеток на Мундијалот.

Во Катар очигледно е дека фудбалот не е спорт број 1, а тоа го покажаа и вечерва со нивното заминување уште пред да заврши мечот.

Се вчитува...