Шкендија и Давор Талески се договорија за взаемно раскинување на договорот. После две и пол години во тетовските „црвено-црни“, 29-годишниот чувар заминува од Тетово во потрага по поголема минутажа.
Талески сега има отворен пат кон новиот клуб, а најверојатно ќе продолжи во Вардар кој бара голман.
Заедно со Талески, од тетовскиот тим заминува и Дауда Бамба. Бамба не одигра многу во Шкендија, со оглед дека целиот есенски дел се бореше против повредите.
„Шкендија му се заблагодарува на Талески, за посветеноста и напорната работа за време на неговиот престој во Тетово, и му посакуваме многу успеси и просперитет во идните предизвици“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА