Отворена истрага против претседателот на Италијанската фудбалска федерација

Обвинителството во Рим го истражува претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина за наводна проневера и перење пари поврзани со ТВ права.

Гравина, кој доброволно се сретна со обвинителите и негира дека сторил нешто лошо, е обвинет дека незаконски користел пари од продажбата на ТВ правата во 2018 година, кога раководел со третото одделение, за да продаде колекција средновековни книги и да купи куќа во Милано.

„Побаравме расправа и прикажавме документација за да покажеме дека нашиот клиент е невин. Расчистивме се и сигурни сме дека вистината наскоро ќе излезе на виделина“, се наведува во соопштението на адвокатите на Гравина.

Гравина е на чело на Италијанската фудбалска асоцијација од 2018 година, а во април 2021 година е избран во Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА), а е и потпретседател на таа организација.

Се вчитува...