Европскиот првак ПСЖ идната сезона ќе има нов голман во името на Лука Шевалие, кој денеска беше промовиран за нов голман на „Светците“. Со тоа веројатно ќе се остварат шпекулациите дека тимот од Париз ќе го продаде Џанлуџи Донарума во овој предоен рок, се со цел да заработи нешто на него, со оглед дека идната година може да го напушти клубот целосно бесплатно.
Шевалие потпиша петгодишен договор со ПСЖ, и во новиот тим ќе го носи дресот со број 30. Со него заедно ќе биде и Матеј Сафонов, Русинот кој минатата сезона пристигна во клубот од Париз.
Шевалие има 23 години и досега играше за Лил. Потекнува од фудбалската школа на овој тим, но мина една сезона како позајмен во Валенсиен, пред да се стекне со статус на прв голман во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

