Италијанката Марта Басино е победничка премиерната трка во новата сезона во алпско скијање, откако денеска триумфираше на велеслаломот во австрискиот ски-центар Зелден. Басино до победата стигна со вкупно време 2:19.69 минути, што беше за четиринаесет стоти делови од секундата побрзо од сонародничката и актуелна шампионка во Светскиот куп, Федерика Брињоне. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка, која заостануваше 1.13 секунда зад времето на победничката.
За потсетување дел од премиерниот велеслалом не беше најдобрата во последните години, Американката, Микаела Шифрин. Утре во Зелден се вози и првата велеслаломска трка во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА