Со денешниот велеслалом во женска конкуренција што се возеше во австрискиот Зелден и официјално беше означен стартот на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање.
Денешното издание мина во знакот на Теса Ворли, откако француската скијачка благодарение на извонредното второ возење стигна до својата 13. победа во кариерта. Таа беше третопласирана по првата трка, но со беспркорното издание во втората трка ги остави зад себе ривалките. Второпласирана беше Федерика Брињоне од Италија, која на крајот заостана 35 стотинки иако беше лидерка по првата трка, додека на третата позиција се најде Микаела Шифрин.
Утре во Зелден ќе се вози велеслалом во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА