На осум дена пред официјалниот почеток на ОИ во Париз денеска беше отворено олимпиското село, а во текот на денешниот ден се очекува и пристигнувањето на првите спортисти во француската метропола.
Олимпиското село се наоѓа во северниот дел од Париз и се протега на површина од 52 хектари земјиште. Во него можат да се сместат и до 14.000 спортисти и официјални лица, заедно со вработените кои ќе се погрижат учесниците да имаат што поудобен престој во „градот на светлината“.
„Ова е посебен момент кога селото почнува да живее. Во изминатите седмици овде гледавме по неколку луѓе, од денеска капацитетот ќе почнува да се полни. Очекувам во текот на денешниот ден да пристигнат меѓу една и две илјади лица“, изјави заменик-шефот на француската делегација на ОИ, Андре-Пјер Губер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

