„Ова беше најголемата болка на Марадона“

Сестрата на Диего Армандо, Ана Марадона, ги обвини ќерките на фудбалската легенда за напуштање на таткото во периодот кога му биле најпторебни. Далма и Џанина Марадона во последните години беа во војна со Диего, неколку пати го критикуваа преку медиумите, што е неразбирливо за неговата највозрасна сестра Ана.

„Кога ние одевме да го видиме Диего, тоа беше затоа што го сакавме и никогаш не баравме ништо од него. Знам што беше неговата најголема болка – ќерките кои го имаа напуштено. Далма и Џанина, каде беа тие кога му беа најпотребни на таткото. Би сакал некој да ми каже, еве тие самите нека ми се јават да ми објаснат. Диего стори многу за нив, но кога најмногу му требаа, нив ги немаше никаде. Ние како семејство никогаш не сме имале ништо против нив, а тие зборуваа глупости, и против нас и против Диего. Тоа беше голем удар за мојот брат. Зарем ќе се омажеа толку добро ако не беа ќерки на легендарниот Диего Марадона“, истакна Ана Марадона.

Таа категорично ги демантираше обвинувањата дека живеела на сметка на богатството на својот брат.

Никој од нас не живееше од парите на Дигео, никој. Тој знаеше да биде великодушен, некогаш да ни помогне, но ние имаме сопствени примања доволни за нормален живот. Премногу луѓе зборуваат лаги, а не ги знаат фактите“, тврди сестрата на Диего Армандо Марадона.

Се вчитува...