Франција славеше на контролниот дуел со Шпанија одигран во Париз со 78-73, по што селекторот Фредерик Фато ги отстрани и последните дилеми околу својот избор, објавувајќи кои 12 кошаркари ќе ги бранат боите на „триколорите“ на претстојниот европски шампионат.
Веќе беше јасно дека Поарие поради повреда нема да може да помогне на репрезентацијата, стручниот штаб во „пет до дванаесет“ го повикал младиот Дијабате, но тој го одбил повикот. Така, Франција ќе остане со крајно лимитирана центарска линија во која целиот товар ќе падне врз Јабуселе, откако во последните месеци од комбинација отпаднаа Гобер, Вембењама, Лесор, Фал и последно – Поарие.
Последниот што испадна од списокот на Фато беше бекот на Париз, Надир Ифи, беше објавено на официјалната веб-страница на Француската Кошаркарска Федерација.
Франција ќе биде дел од групата Д што ќе се игра во Катовице, каде „триколорите“ за противници ќе ги имаат Полска, Исланд, Израел, Белгија и Словенија.
СОСТАВ НА ФРАНЦИЈА:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

