Фудбалот знае да испишува прекрасни приказни, една од нив е и оваа денешната за Кристијан Ериксен, кој го постигна првиот гол за Данска на дуелот против Словенија.
За Ериксен ова е 42. погодок во репрезентативниот дрес, станува збор за играч кој со години е лидер на оваа репрезентација, но симболиката е фантастична бидејќи денешниот меч е прв на ЕП за големиот ас по страшните сцени и преживеаниот срцев удар на ЕВРО 2020.
Се сеќавате, пред три години на стадионот во Копенхаген тој ја водеше најважната битка, кога успеа да се спаси по срцевиот удар. Следеше рехабилитација, па враќање на терените, па репрезентативен камбек, и сега… нов гол за Данска на ЕП точно 1.100 дена по оној меч со Финска во Копенхаген.
Погодокот на Ериксен на дуелот со Словенија можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА