Ова е фудбалскиот дрим-тим на сите времиња

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се единствените двајца активни фудбалери кои се најдоа во изборот на најдобрите 11 играчи во фудбалската историја, во изборот на магазинот „Франс Фудбал“.

Вкупно 140 фудбалски новинари учествуваа во гласањето, избирајќи ги единаесетте најдобри фудбалери од огромната конкуренција на врвни играчи.

На голот се наоѓа легендарниот Лав Јашин, одбранбеното трио го сочинуваат Кафу, Малдини и Франц Бекенбауер. Во средниот ред се наоѓаат двајцата фудбалски великани, Пеле и Марадона, во друштво на Чави и на Лотар Матеус, додека во најдобриот фудбалски напад на сите времиња имаше место само за Бразилецот Роналдо, Кристијано Роналдо и за Лионел Меси.

Се вчитува...