Ова е листата на Баерн за седум летни засилувања вредни над 300 милиони

Баерн Минхен првпат после 11 години владеење остана без трофејот во Бундеслигата. Се најде на второто место зад новиот првак Баер Леверкузен, кој ја прекина децениската доминација на клубот од Минхен во германскиот шампионат.

Челниците на „Баварците“ бараат нов тренер, а се поизвесно е дека Томас Тухел ќе остане, откако добија „корпа“ од неколку тренери како Алонсо, Нагелсман, Рангник…

Меѓутоа Баерн исто така работи и на нови засилувања, а „Билд“ открива седум имиња кои ќе бидат „мета“ на најтрофејниот германски клуб престојното лето.

На листата прв е Џонатан Та од Баер Леверкузен, стопер кој игра за германската репрезентација. Тео Хернандез од Милан треба да пристигне како замена за Алфонсо Дејвис, ако овој замине во Реал Мадрид. Средниот ред Баерн Минхен сака да го засили со Френки де Јонг од Барселона, Асан Уедраого од Шалке, и Амаду Онана од Евертон. „Баварците“ му фрлија око на Крис Фихрих од Штутгарт кој игра на крилните позиции, а се чини најскапо име кое фигурира на оваа листа е Чави Симонс.

Сите овие вредат околу 323 милиони евра, што ќе покаже дека Баерн се подготвува за голем ремонт во летниот преоден рок, со кој ќе треба идната сезона да ја врати титулата во Минхен.

Се вчитува...