Никола Јокиќ претходната сезона се естаблираше како најдобар кошаркар на денешницата предводејќи го Денвер до шампионскиот трофеј во НБА лигата и притоа освојувајќи ја наградата за најкорисен играч на финалната серија.
Србинот поради замор не настапи за Светското првенство во дресот на Србија па летото го помина одмарајќи со семејството и пријателите, но на одморот му дојде крај. Јокиќ овие денови настапува во претсезонските натпревари на Денвер каде американските новинари забележаа голема промена.
Пишувајќи за „Тhednvr“ Херсон Винд ја анализираше оваа и претходната претсезона, пишувајќи дека Србинот изгледа ментално подготвен за нова МВП сезона.
„Ова е некој друг Никола Јокиќ. Двократниот МВП и актуелен МВП на финалната серија е ментално потполно подготвен. Јокиќ игра агресивно, понекогаш дури и форсира. Во првите три подготвителни натпревари во 2022 година шута вкупно осум пати, а во првите две подготовителни натпревари оваа година шутна фури 21 пат. Работи со полна пареа тимот да оди напред. Мислам дека агресивниот пристап покажува како ќе се одвиваат работите во сезоната. Во текот се поготовки за уште една МВП сезона“, напиша Винд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

