Лионел Меси добил официјална понуда од Ал-Хилал, кој нуди 400 милиони евра за една година. Ова е нереална сума, и Аргентинецот со тоа би станал најплатениот играч на Светот, надминувајќи го Кристијано Роналдо кој во Ал-Наср потпиша договор со 200 милиони евра.
Експертот за трансфери Фабрицио Романо информира дека Ал-Хилал официјално испратил понуда до Меси, кој од лето ќе стане слободен агент, со оглед дека му истекува договорот со ПСЖ и тој е пред заминување.
Сепак, според информациите, приоритет за Меси е Европа и враќање во Барселона. Ако тоа не е можно, тогаш Меси може да размислува за понудата од богатите Саудијци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

