„Ова е почетокот на крајот на Хари Кејн“

Најдобриот стрелец на сите времиња во Англија со 69 гола на 103 натпревари, Хари Кејн можеби е при крај на својата репрезентативна кариера, смета Пол Сколс.

Иако Кејн на 31-годишна возраст игра брилијантно за Баерн Минхен (17 гола и 9 асистенции на 16 натпревари), Сколс верува дека уште долго нема да биде стандарден репрезентативец.

На последниот собир Кејн одигра 24 минути против Грција и цел натпревар против Ирска каде постигна гол од пенал.

„Ми изгледаше како ова да е  крајот на Хари Кејн. Изгледаше како да не припаѓа во тимот. Кога ќе остариш, чувствуваш дека сè околу тебе се случува побрзо, и така ми изгледаше. Не знам кој ќе го замени“, изјави легендата на Јунајтед по натпреварот со Ирска.

Се вчитува...