Челниците на Наполи се убедени дека ќе постигнат договор со Лајпциг за ангажман на Елиф Елмас откако претседателот Де Лаурентис ја крена понудата што претходно беше одбиена од страна на германскиот клуб.
Лајпциг одби 1,5 милиони евра за позајмица, плус клаузула за незадолжителен откуп за 12 милиони евра, но Де Лаурентис сега е подготвен да плати два милиони евра за едногодишната позајмица, а клаузулата за откуп е крената на 17 милиони евра. Вкупната сума ако Наполи догодина реши целосно да го откупи договорот на Елиф Елмас би изнесувала 19 милиони евра, што не би бил преголем минус во однос на оние 24 милиони што Лајпциг ги плати за да го доведе македонскиот „дијамант“ пред една и пол година, токму од Наполи.
Германскиот прволигаш се уште нема дадено одговор на оваа најнова понуда, но „наполитанците“ се убедени дека во следните 24 часа овој трансфер ќе биде комплетиран.
За Елиф нема дилема – од моментот кога неговиот поранешен клуб се вклучи во трката тој ги одби сите останати понуди и јасно порача – сака само во Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
