Ова е причината за фијаското на Реал против Арсенал: Модерниот фудбал не се игра без трчање…

Реал Мадрид беше целосно надигран на двомечот со Арсенал, „кралевите“ апсолутно заслужено се елиминирани од Лигата на Шампионите, а аналитичарите веќе почнаа со барање на причините за ова фијаско на најтрофејниот европски клуб.

И додека голем дел од нив вината ја посочуваат кај тренерот Карло Анчелоти, оние кои ја следат статистиката потенцираа еден важен фактор за поразот – фудбалерите на Реал претрчаа далеку помалку од своите противници.

Имено, фудбалерите на Реал истрчаа вкупно 107,5 километри на синоќешниот реванш, додека Арсенал имаше 116 километри на овој дуел. За споредба, на првиот меч во Лондон „топчиите“ истрчааа вкупно 113,9 километри, а избраниците на Анчелоти заедно имаа само 101,2 километри.

Модерниот фудбал не се игра без трчање, без оглед на индивидуалниот квалитет, тоа е лекција што Реал Мадрид ја научи по потешкиот пат оваа сезона.

„Кралевите“ цела сезона се мачеа во Лигата на Шампионите, а една од причините е токму премалиот број на минати километри за време на натпреварите. Педантните стастистичари пресметаа дека фудбалерите на Реал само еднаш сезонава истрчање повеќе од противникот, и тоа во победата во Бергамо над Аталанта (115,6 километри на „кралевите“ наспротив 114,9 километри истрчани од избраниците на Гасперини).

Се вчитува...