Македонија утре во 19:00 часот ќе игра натпревар против Хрватска на стадионот „Рујевица“ во Ријека. Овој меч за Хрватите ќе биде како подготовка за мечевите во ЕВРО 2024, поточно, како што истакна селекторот Далиќ, подготовка за мечот со Албанија.
Златко Далиќ на прес-конференцијата најави дека ќе користи 17 фудбалери, а се очекува поголема минутажа да добијат оние кои од првиот ден се на подготовките.
Далиќ најави дека Перишиќ сигурно ќе добие 1 час игра, додека ќе го нема капитенот Лука Модриќ, кој вчера играше финале во ЛШ.
Ова е најверојатниот состав за мечот според порталот „Индекс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА