Изминува годината и време е за сумирање на резултатите и доделување на награди за најзаслужните. Се чини дека најголемиот спектакл се случи во хотелот „Слив“ во Виница, каде претседателот на Федерацијата на гимнастички спортови во Македонија, Љупчо Арнаудов, сам си додели дури две награди?! Се разбира, поддржано и одобрено од УО на федерацијата.
Тој доби плакета за „посебен придонес во развојот на гимнастичкиот спорт во Република Македонија во периодот од 2004 до 2017 година“. Исто така, доби и „златна плакета за особен придонес во афирмацијата на гимнастиката на меѓународен и домашен план“. Интересно…
Овде се наметнува главното прашање…Каков е развојот на гимнастичкиот спорт во нашата држава. Пошироката спортска јавност не памети дека и воопшто има натпреварувања по гимнастика во Македонија, а не да и донеле толку многу успеси на државата. Но, затоа награди, плакети и признанија се поделија, а меѓу најзаслужните се најде и претседателот Љупчо Арнаудов. Вообичаено во спортот, актуелните претседатели им доделуваат награди на останатите, нели…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА