Ова е списокот на тренери кои се желба на Флорентино Перез за клупата на Реал

Алваро Арбелоа ќе биде тренер на Реал Мадрид до крајот на сезоната, а од следната на клупата на „кралевите“ ќе дојде ново име. Ситуацијата околу Арбелоа може да се промени само ако евентуално Реал ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

Според информациите, Флорентино Перез веќе составува листа на тренери, кои се негова желба да седна на клупата на Реал Мадрид.

Првото име кое се споменува, и кое во моментов е реална опција е Маурисио Покетино. Блискоста со Мбапе се чини дека е главен адут на Перез да го убеди да го напушти кормилото на репрезентацијата на САД по завршувањето на Светското првенство, и да седне на клупата на „кралевите“.

Тука на списокот се уште и Јирген Клоп, кој засега одолева на понудата на кралскиот клуб. Во опција е и Унаи Емери од Астон Вила, потоа Сеск Фабрегас како и Масимилијано Алегри.

Последните двајца се малку потешка опција, со оглед дека Фабрегас потекнува од школата на Барселона, додека за Алегри проблем е јазикот, односно го познава само италијанскиот, а многу послабо англискиот и шпанскиот јазик.

Се вчитува...