Ова е замената за Ти-Џеј Шортс во Париз

Екипата на Париз продолжува со играчкиот ремонт летово, а најтежок дел од задачата ќе биде да се замени Ти-Џеј Шортс, македонскиот репрезентативец кој по извонредната дебитантска сезона во Евролигата си обезбеди трансфер од соништата во Панатинаикос.

Францускиот евролигаш во меѓувреме разгледуваше различни опции, за на крајот да го избере кошаркарот што ќе ја има улогата на наследник на Шортс. Изборот падна врз Американецот Џастин Робинсон, кој вчера и официјално беше претставен како најново засилување на Париз.

Робинсон доаѓа од италијанското првенство каде ги бранеше боите на Трапани, а во својата прва сезона на Апенинскиот полуостров имаше одлични бројки од 14,4 поени и 6 асистенции по натпревар.

Се очекува Париз во следниот период да доведе уште еден плејмејкер ако се знае дека клубот освен Шортс го напушти и германскиот репрезентативец Маодо Ло, кој кариерата ја продолжи во Жалгирис.

Се вчитува...